Сијамска мачка
Сијамските мачки се едни од најпопуларните раси, а поради својот карактеристичен изглед и специфично крзно, се чест избор за домашен миленик.Сијамската мачка е првата која се разликува од другите раси на ориенталната мачка. Точното потекло на расата е непознато, но се верува дека е од Југоисточна Азија, и дека потекнуваат од исплашените мачки од храмовите од Сиам (денешен Тајланд).
Факти за сијамските мачки:
Тие се стара раса
Точните корени се обвиени во мистерија, но постојат сведоштва дека биле миленици на азиски владетели, но и на будистичките монаси. Најстар запис е ракописот „Tamra Maew“ што на тајландски значи „Книга со поеми за мачки“, каде се опишани мачки со светло крзно и темни нозе, глава и опашка.
Овие записи датираат од 14-тиот или 18-тиот век, што значи дека сијамските мачки се стара раса која одамна се одгледува.
Сијамски мачки имало на првата официјална изложба на мачки во светот
Во лондонската Кристална палата во јули 1871-ва се одржало првото најголемо официјално мачешко шоу, каде биле изложени многу раси мачки. Меѓу нив имало и фасцинирачки кафеави мачки со црни нозе, опашка и глава, како да носат чизми и капа, со сини очи и црвеникав ирис.
Постоеле и луѓе кои тврделе дека тоа не биле сијамски мачки. За некоја година подоцна постојат многу сведоштва за британскиот конзул кој донел две сијамски мачки, Фо и Миа од Тајланд, кои добиле свое легло и така започнало нивното одгледување во Европа.
Prekrasno!
ReplyDelete