Skip to main content

Posts

Featured

Сијамска мачка

Сијамските мачки се едни од најпопуларните раси, а поради својот карактеристичен изглед и специфично крзно, се чест избор за домашен миленик. Сијамската мачка  е првата која се разликува од другите раси на ориенталната мачка. Точното потекло на расата е непознато, но се верува дека е од Југоисточна Азија, и дека потекнуваат од исплашените мачки од храмовите од Сиам (денешен Тајланд).  Факти за сијамските мачки: Тие се стара раса Точните корени се обвиени во мистерија, но постојат сведоштва дека биле миленици на азиски владетели, но и на будистичките монаси. Најстар запис е ракописот „Tamra Maew“ што на тајландски значи „Книга со поеми за мачки“, каде се опишани мачки со светло крзно и темни нозе, глава и опашка. Овие записи датираат од 14-тиот или 18-тиот век, што значи дека сијамските мачки се стара раса која одамна се одгледува. Сијамски мачки имало на првата официјална изложба на мачки во светот Во лондонската Кристална палата во јули 1871-ва се одржало...

Latest Posts